• вторник, 12 ноември 2024

Поранешниот заменик шеф на ИДФ не верува дека Нетанјаху ќе успее да ги врати заложниците

Поранешниот заменик шеф на ИДФ не верува дека Нетанјаху ќе успее да ги врати заложниците

Тел Авив, 8 октомври 2024 (МИА) - Поранешниот заменик-началник на Генералштабот на ИДФ, Јаир Голан изјави дека не верува оти израелската влада прави доволно за да ги врати израелските заложници од заробеништво на Хамас.

Генерал-мајор Голан сега е дел од израелската политика и е претседател на партијата Прогресивни демократи. Тој повикува на нови избори, за кои смета дека треба да се одржат „што е можно поскоро“.

-Не добивам впечаток дека израелската влада толку многу се обидува да ги ослободи заложниците. Но, можам да ви кажам дека со ослободување на сите заложници, ќе можеме да постигнеме прекин на огнот на југот. Со прекин на огнот на југ, ќе можеме да продолжиме со прекин на огнот на север, а со прекин на огнот на двата фронта, ќе можеме генерално да го започнеме многу потребниот процес на закрепнување на израелските општеството, тврди Голан.

На прашањето дали мисли дека Бенјамин Нетанјаху веќе требало да постигне договор за прекин на огнот со Газа, генерал-мајор Голан нема позитивно мислење.

-За жал, не му верувам на Бенјамин Нетанјаху. Не им верувам на ИДФ, рече Голан за Нетанјаху, кој се соочи со обвинувања за корупција и поткопување на демократијата на земјата пред почетокот на војната во Газа пред една година.

„Имам доверба во израелското општество. Имам доверба во израелските граѓани, прекрасни граѓани кои успеаја да се опорават на многу импресивен начин“, заклучи Голан. мс/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан