• недела, 24 ноември 2024

Поранешната шкотска премиерка Старџен сослушана за спорните пораки за време на пандемијата

Поранешната шкотска премиерка Старџен сослушана за спорните пораки за време на пандемијата

1 февруари 2024 (МИА) - Поранешната шкотска премиерка Никола Старџен беше сослушана за бришење спорни пораки од апликацијата ВатсАп, поради коронавирусот.

Таа низ солзи рече дека „во најголем дел“ не сакала ниту да биде премиерка во екот на пандемијата, пренесува Скај Њуз.

„Бев премиерка кога изби пандемијата. Голем дел од мене посакуваше да не сум на таа позиција. Но, бев и сакав да бидам најдобрата можна премиерка во тој период. На другите е да проценат колку успеав“, рече таа. 

Истрагата што се води, во рамки на која е и Старџен сослушана, беше покрената за да се провери дали одговорот на децентрализираната администрација на пандемијата на коронавирус е соодветен. Исто така, за време на сослушувањето, се разговараше за спорните пораки на ВатсАп, бидејќи Старџен во 2021 година му вети на новинар дека ќе ги предаде нејзините пораки иако знаеше дека тие веќе се избришани.

Сега таа се извини и призна дека ги избришала своите пораки, нагласувајќи дека шкотската влада ја користела апликацијата премногу често за време на пандемијата.

Сепак, таа тврди дека одлуките не биле донесени во врска со апликацијата за пораки. Таа рече дека шкотската влада била отворена, транспарентна и одговорна за време на пандемијата. Но, посочи дека не се точни сите одлуки и дека се направени некои погрешни проценки.

Старџен повтори дека не користела неформални апликации за пораки за да донесува одлуки. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

 

Остани поврзан