• среда, 27 ноември 2024

Пораз на „Металург“ од „Чеховски Медведи“ во ракометната Лига Европа

Пораз на „Металург“ од „Чеховски Медведи“ во ракометната Лига Европа
Черков, 6 февруари 2021 (МИА) – Екипата на скопски „Металург“ остана на дното во групата А во ракометната Лига на Европа, откако вечерва во својот премиерен натпревар во новата година загуби на гостувањето кај рускиот претставник Чеховски Медведи со високи 40:27 (22:11). Поради повредени и позитивни ракометари на коронавирус, македонскиот тим допатува во Русија со само 11 играчи и немаше сили за достоен отпор. Металург одржуваше резултатска неизвесност само во воведните десет минути, по што домаќините со серија од пет голови се одвоија на 11:4. Рускиот тим до крајот на полувремето стигна до двоцифрена предност (22:11), нанесувајќи му на десеткуваниот „Металург“ убедлив пораз. По четири одиграни натпревари во ракометната Лига на Европа, Металург е последнопласиран во групата со ефект од три порази и едно реми. Следниот натпревар на Металург што според распоредот требаше да се игра идниот вторник во Скопје против Тулуз вчера беше одложен поради новите анти-ковид мерки донесени од властите во Париз. Мерките предвидуваат задолжителен двонеделен карантин за сите кои се враќаат во Франција од земји надвор од Европската унија. ег/бак/

Остани поврзан