• среда, 25 декември 2024

Поради штрајк откажани сите полетувања од аеродромот „Брисел Југ-Шарлероа“ 

Поради штрајк откажани сите полетувања од аеродромот „Брисел Југ-Шарлероа“ 

Брисел, 22 октомври 2024 (МИА) - Сите денешни летови од аеродромот „Брисел Југ-Шарлроа“ се откажани поради штрајк на безбедносниот персонал, соопшти аеродромската управа.  

- Безбедноста на патниците и вработените не може да биде гарантирана поради недостигот на персонал. Патниците чии летови се откажани ќе бидат контактирани од нивната авиокомпанија за враќање на парите или нова резервација, се додава во соопштението на управата на аеродромот, од кој полетуваат и авионите на релација Брисел-Скопје. 

Од управата додаваат дека пристигнувањето на авионите на аеродромот ќе се одвиваат согласно предвидениот возен ред.  

За денеска од „Брисел Југ-Шарлероа“ беа предвидени 89 летови со околу 16.000 патници. Ваквиот голем број на патници се должи на фактот што од вчера започна есенскиот распуст во белгиските училишта каде што наставата се одвива на француски јазик, што ќе трае до 1 ноември. 

- Правиме се што е во наша моќ за да се обноват нормалните активности од среда, се посочува во соопштението на управата на аеродромот „Брисел Југ-Шарлероа“. сп/

Фото: Скриншот

Остани поврзан