• среда, 25 декември 2024

Поради нападот во регионот Суми во Украина, без струја се 50.400 потрошувачи

Поради нападот во регионот Суми во Украина, без струја се 50.400 потрошувачи

Киев, 23 јули 2024 (МИА) - Украинското Министерство за енергетика денеска соопшти дека 50.400 потрошувачи останале без струја поради нападот во текот на ноќта врз енергетскиот објект во северниот украински регион Суми.

Како што е наведено на Телеграм, погодени се потрошувачите во 72 населени места.

Во изминатите 24 часа беспилотно летало нападна енергетски објект во регионот на Суми, при што беа оштетени трафостаници и потрошувачи приклучени на нив во регионите Суми и Чернигов. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан