• вторник, 08 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Поради намалувањето на трошоците сменет и директорот за тутун во ФДА

Поради намалувањето на трошоците сменет и директорот за тутун во ФДА

Вашингтон, 1 април 2025 (МИА) – Главниот директор за тутун во американската Управа за храна и лекови (ФДА), Брајан Кинг е сменет од функцијата во кампања за намалување на трошоците во федералната администрација.

- Со тешко срце и длабоко разочарување објавувам дека сум ставен на административно отсуство, се наведува во електронското писмо на Кинг испратено до вработените.

Кинг беше на функција од 2022 година. Тој беше критикуван поради неговата наредба за повлекување од пазарот на вејп машините и електронските цигари со вкус на овошје. За време на мандатот на Кинг, употребата на електронските цигари кај тинејџерите се намалила на 10 минимум.

Додека Кинг беше директор на ФДА не ги легализира на електронските цигари со вкус и покрај тврдењата дека тие ќе им помогнат на возрасните пушачи да се откажат од цигарите. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан