• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пакистан ја интензивира кампањата за депортација на Авганистанци

Пакистан ја интензивира кампањата за депортација на Авганистанци

Исламабад, 8 април 2025 (МИА) – Во најновата кампања на пакистанските власти илјадници Авганистанци се протерани од државата и покрај предупредувањата да се поштедат оние кои се изложени на ризик од прогон од талибанскиот режим.

Од 1 април околу 6.000 Авганистанци се вратени во Авганистан. Пакистан почна да ги депортира авганистанските бегалци од 2023 година. Кампањата првично беше насочена кон Авганистанците кои без документите престојуваа во Пакистан.

Според пакистанското Министерство за внатрешни работи од октомври 2023 година околу 900.000 Авганистанци заминале од Пакистан.

Пакистанската Влада минатиот месец ја прошири програмата за депортација со план да протера околу еден милион авганистански бегалци според билатералниот договор меѓу двете земји.

Групите за човекови права и локалните власти бараат Пакистан повторно да го разгледа планот.

Милиони Авганистанци избегаа во Пакистан во 1979 година поради руската инвазија на Авганистан. Вториот бран уследи во 90-тите години од минатиот век поради насилствата од талибанците, а третиот бран авганистански бегалци уследи по преземањето на власта од талибанците во 2021 година.

Голем број од списокот за депортација се Авганистанци родени во Пакистан. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан