• вторник, 24 декември 2024

Пол ќе го пропушти плејофот за прв пат по 14 години

Пол ќе го пропушти плејофот за прв пат по 14 години

Сан Франциско, 17 април 2024 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Крис Пол оваа година нема да игра во плејофот.

Вориорс ноќта вторник кон среда загубија од кралевите во плејин натпревар со 118:94.

Ветеранот го пропушта разигрувањето за титулата за прв пат по 14 години. Последен пат тој не играше во плејофот во сезоната 2009/10, кога настапуваше за Њу Орлеанс.

Во 19 сезони во НБА, еден од најдобрите пикови број 1 во историјата никогаш не се пласираше во финалето на НБА плејофот.

Триесет и осумгодишниот кошаркар во дебитантсската сезона за Голден Стејт имаше просек од 9,2 поени, 3,9 скока и 6,8 асистенции по натпревар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан