• понеделник, 15 декември 2025

Мбапе ќе може да игра против Барселона во финалето на Копа дел Реј

Мбапе ќе може да игра против Барселона во финалето на Копа дел Реј

Мадрид, 21 април 2025 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ќе биде подготвен за дуелот против Барселона во финалето на Купот на кралот, пишува „Tiempo de Juego“.

Според шпанскиот портал, 26-годишниот Французин е блиску до целосно закрепнување од повредата на скочниот зглоб што ја заработи на реваншот против Арсенал (1:2) во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Постои шанса Мбапе да биде подготвен за настап против Хетафе во 33. коло од Ла Лига. Средбата ќе се одржи на 23 април.

Реал Мадрид и Барселона на 26 април ќе играат во финалето на шпанскиот куп. 

Каталонците се рекордери на турнирот со 31 трофеј. Реал Мадрид го освоил турнирот 20 пати во историјата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан