• среда, 25 декември 2024

Полска потпиша договор за набавка на воени хеликоптери АХ-64Е Апачи

Полска потпиша договор за набавка на воени хеликоптери АХ-64Е Апачи

Варшава, 5 август 2024 (МИА) - Полското Министерство за одбрана денеска потпиша офсет договори со Боинг и Џенерал Електрик во вредност од околу 255 милиони долари, со што е поблиску до финализирање на договорот вреден 12 милијарди долари за купување 96 воени хеликоптери АХ-64Е Апачи.

„Полската армија наскоро ќе ги набави овие хеликоптери, кои навистина ќе ја зајакнат нашата подготвеност и безбедност во однос на она што се случува надвор од границите на Полска, односно во контекст на војната во Украина“, рече заменик-министерот за одбрана Павел Бејда. 

Офсет договорите се посебен вид договори што и овозможуваат на владата на една земја да купува оружје произведено од странски компании. Договорот Боинг од 102 милиони долари е за поддршка за одржување на хеликоптерите AХ-64E и обука за одржување, додека договорот од 135 милиони американски долари за Џенерал Електрик е за поддршка за моторите за Апачи и погонските единици во други полски воени хеликоптери.

Во август 2023 година, САД одобрија продажба на 96 AХ-64E Апачи и поврзана опрема на Полска за околу 12 милијарди долари, а подоцна истата година Полска ги склучи своите први офсет договори со Локед Мартин. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан