• среда, 25 декември 2024

Полска подигна борбени авиони за време на рускиот ракетен напад врз Украина

Полска подигна борбени авиони за време на рускиот ракетен напад врз Украина

Варшава, 21 ноември 2024 (МИА) – Полска ги подигна своите воени авиони за време денешниот руски ракетен напад врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили и додаде дека откако дознала за лансирањето на руски ракети, наредила подготовки за потенцијален упад на воздушни цели во полскиот воздушен простор.

- Според утврдените процедури, оперативната команда ги активираше сите расположливи сили и ресурси. Дежурните борбени авиони се подигнати, а системите за воздушна одбрана на земјата и средствата за радарско извидување се ставени на највисоко ниво на подготвеност, се вели во соопштението.

Нападот на Русија беше насочен кон бизниси и клучна инфраструктура во градот Дњепар. Украинците тврдат дека Русите лансирале и интерконтинентална балистичка ракета од јужниот регион Астрахан, што претставува прв пат Русија да употреби толку моќна ракета со долг дострел од почетокот на војната.

Овие проектили имаат дострел од илјадници километри и можат да се користат за испорака на нуклеарни боеви глави, иако можат да носат и конвенционални боеви глави. јт/

Фото: Гугл мапи

Остани поврзан