• недела, 01 септември 2024

Полицијата презема мерки за пронаоѓање малолетничка од Крива Паланка 

Полицијата презема мерки за пронаоѓање малолетничка од Крива Паланка 

Кавадарци, 31 август 2024 (МИА) - Полицијата презема мерки за пронаоѓање малолетничка од Крива Паланка, информираа денеска од СВР Велес.  

- Синоќа во 19.45 часoт во ОВР Кавадарци, Н.А.(43) од Крива Паланка пријавил дека неговата ќерка С.А.(16) се оддалечила од домот во кој привремено престојувале во село Сопот, Kавадаречко. Според пријавеното, таа најверојатно заминала со Д.Н. од Виница. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија од СВР Велес. свд/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан