• среда, 27 ноември 2024

Полициските служби на Холандија незаконски шпионирале групи жители

Полициските служби на Холандија незаконски шпионирале групи жители

Хаг, 9 февруари 2024 (МИА) - Холандските полициски разузнавачки служби незаконски следеле одредени групи жители во текот на 2022 година, заклучи Надзорниот одбор на разузнавачките и безбедносните служби на земјата (CTIVD).

Како што е соопштено од холандскиот јавен сервис НОС, одборот не прецизирал кои заедници незаконски ги надгледувале службите, но прецизирал дека под заедница значи група на население „заснована, на пример, на етничко потекло, верски убедувања или занимање“.

НЛ Тајмс наведува дека на овој начин, теоретски, холандските полициски разузнавачки служби можеби шпионирале посетители на џамија или земјоделци кои протестирале.

ЦТИВД соопшти дека во периодот од 23 февруари до 1 јули 2022 година, полициските разузнавачки служби три пати извршиле незаконско следење на населението.

Сите полициски единици во Холандија имаат свои разузнавачки служби, потсетува NL Times и додава дека тие соработуваат со општата разузнавачка служба AIVD и ги следат луѓето кои можат да бидат опасни за националната безбедност.

Според CTIVD, разузнавачките служби понекогаш добиваат дојави „за личност или повеќе лица“, а потоа одлучуваат да ја истражат целата заедница на која припаѓаат тие луѓе.

Претставникот на CTIVD, Харм Трип, изјави за NOS дека во три случаи на разузнавачки надзор во 2022 година, полициските служби не објасниле соодветно зошто било потребно следење на целата заедница. ссм/

фото: архива

Остани поврзан