Полициска акција на неколку локации низ државата
- Полициска акција вечерва се спроведува на неколку локации низ државата со цел приведување на сторители на кривични дела.
Скопје, 15 декември 2024 (МИА) - Полициска акција вечерва се спроведува на неколку локации низ државата со цел приведување на сторители на кривични дела.
Дел од медиумите јавуваат дека се вршат претреси во Арачиново и на други делови од Скопје и државата и дека веќе има уапсени лица.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат повеќе детали во текот на утрешниот ден. бак/
Фото: МИА архива