• среда, 18 декември 2024

Пожар по експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија

Пожар по експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија

Букурешт, 21 јуни 2023 (МИА) - Експлозија проследена со пожар се случи во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, која се наоѓа во градот Наводари, округот Констанца, наведува Секторот за вонредни состојби според првичните информации.

Активиран е таканаречениот план за црвена интервенција. На местото на настанот се испратени девет специјални противпожарни возила - две од областа Курас, две од Јаломитса, едно од Тулчеа и четири од Букурешт, информираат од одделот за БТА.

Во јули 2021 година, при експлозија во Петромидија, проследена со пожар, загина едно лице, а беа повредени петмина. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан