• вторник, 24 декември 2024

Пожар на грчкиот остров Крит

Пожар на грчкиот остров Крит

Атина, 7 август 2024 (МИА) – Во област со ниска вегетација, во општина Ретимно во централниот дел на грчкиот остров Крит, денеска избувна пожар, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за превентивна евакуација на жителите на едно населено место, јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето интервенираат над 100 пожарникари со пешадиски тима и 27 возила, како и три хеликоптери, а помагаат и цистерни од општините.

Од бројот 112 првично беше испратена порака со предупредување до жителите да бидат во состојба на готовност, а подоцна следеше и втора порака за превентивна евакуација.

Според грчките медиуми, пожарот има три жаришта, но засега не претставува директна опасност за населени места. ср/мс/

Остани поврзан