• четврток, 26 декември 2024

Пожар над браната „Топлик“ кај Гевгелија

Пожар над браната „Топлик“ кај Гевгелија
Гевгелија, 23 јуни 2021 (МИА) - Во подножјето на планината Кожуф, во ридестиот предел над браната „Топлик“ кај Гевгелија, попладнево избувна пожар кој сè уште е активен, потврдија од Територијалната противпожарна единица Гевгелија. Командирот на гевгелиските пожарникари, Игор Ризов, соопшти дека веднаш по дојавата за пожарот, екипите на ТППЕ Гевгелија се испратени на теренот каде се борат со пламените јазици. Ризов потврди дека поради високата дневна температура која моментно во Гевгелија изнесува 40 степени како и ветерот кој ги шири пламените јазици, пожарот е сè уште активен. Причините за појавата на пожарот кај Гевгелија сеуште не се утврдени, но, пожарникарите се сомневаат дека се работи за човечки фактор. им/ар/

Остани поврзан