• сабота, 27 јули 2024

Подобрена ситуацијата со пожарот во близина на Солун, на грчкиот остров Кеа без активно жариште

Подобрена ситуацијата со пожарот во близина на Солун, на грчкиот остров Кеа без активно жариште

Атина, 18 јули 2024 (МИА) – Подобрена е ситуацијата со пожарот во близина на Солун југоисточно од центарот на градот, додека пак другиот пожар, во западниот дел на грчкиот остров Кеа е без активно жариште, соопшти попладнево портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот кај Солун интервенираат 60 пожарникари со два тима, 19 возила, а од воздух се гасне со пет авиони и три хеликоптери.

-Денешниот ден е многу тежок ден за противпожарната служба, поради долготрајните горештини, сушата и на одредени места, силниот ветер. Од раните утрински часови избувнаа 48 шумски пожари. Од нив, 44 веднаш беа изгасени, а противпожарните сили во моментов се справуваат со четири пожари, рече Ватракојанис.

Посочи дека е важно е да се нагласи дека „високите температури опасно го зголемуваат започнувањето на пожарите“ и затоа е неопходно сите да бидат внимателни. ср/

Остани поврзан