• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Подигнати 60 метри кубни отпад од диви депонии во општините Карпош и Чаир

Подигнати 60 метри кубни отпад од диви депонии во општините Карпош и Чаир

Скопје, 23 август 2024 (МИА) - Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во текот на вчерашната ноќ отстранија 60 кубни метри отпад од повеќе обемни диви депонии лоцирани во неколку скопски општини.

Активностите, како што информира „Комунална хигиена“ - Скопје,  се реализираа на улиците „Васил Чакаларов“ и „Рузвелтова“ во општина Карпош и на булеварот „Македонско-косовска бригада“ во општина Чаир.

Утринава е забележано одлагање големи количини отпад од картонска амбалажа на две локации во централното градско подрачје - на сообраќајна површина на булеварот „Кирил и Методиј“ и на паркинг-просторот лоциран на улицата „Димитрија Чуповски“. Непрописно одложениот отпад беше подигнат и транспортиран од страна на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје, се наведува во соопштението. мд/са/

Фото: ЈП  „Комунална хигиена“ - Скопје

Остани поврзан