• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Презентација на наоди од работата на институциите и регулаторното тело во аудиовизуелните медиумски услуги

Презентација на наоди од работата на институциите и регулаторното тело во аудиовизуелните медиумски услуги

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Центарот за развој на медиуми денеска организира панел-дискусија на која ќе бидат претставени наодите од мониторингот на работата на носителите на одлуки и регулаторните тела во областа на аудиовизуелните медиумски услуги во 2025 година. 

-Центарот за развој на медиуми континуирано ги следи активностите на носителите на одлуки во областа на аудиовизуелните медиумски услуги и медиумите воопшто, првенствено Министерството за дигитална трансформација, како и регулаторните тела во областа на аудиовизуелните медиумски услуги, односно Советот на АВМУ и Програмскиот совет на јавниот радиодифузен сервис МРТ. Наодите од мониторингот се објавуваат во квартални извештаи, што се објавуваат на интернет страната на Центарот за развој на медиуми, www.mdc.org.mk, заедно со препораки за надминување на утврдените недостатоци и проблеми, информираат од Центар за развој на медиуми.

Мониторингот се спроведува со помош на институционалниот грант од Европскиот фонд за демократија (European Endowment for Democracy – EED).

Како што најавуваат организаторите, на панел-дискусијата ќе се обратат Столе Наумов од Канал 77 радио, Петрит Сарачини од Институт за медиуми и аналитика и Дејан Георгиевски од Центар за развој на медиуми. фф/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан