Повеќе од 23 милиони барања за влезници за СП во Катар
- Во последниот круг продажба на влезници за Светското фудбалско првенство во Катар, ФИФА прими дури 23.5 милиони барања за билети, што е десет пати повеќе од бројката со која се располага.
Цирих, 30 април 2022 (МИА) – Во последниот круг продажба на влезници за Светското фудбалско првенство во Катар, ФИФА прими дури 23.5 милиони барања за билети, што е десет пати повеќе од бројката со која се располага.
Најмногу барања за влезници пристигнале од Аргентина, Бразил, Англија, Франција, Мексико, Катар, Саудиска Арабија и САД.
Најбарана е влезницата за финале на 18 декември, а најголема побарувачка за групната фаза има за натпреварите Аргентина – Мексико, Аргентина – Саудиска Арабија, Англија – САД и Полска – Аргентина.
Влезниците за Мундијалот во Катар се во просек за 30 отсто поскапи во споредба со Мундијалот во Русија 2018.
Најскапиот билет за финалето чини 1.600 долари што е за 45 отсто повеќе отколку пред четири години. ег/