• вторник, 12 ноември 2024

Повеќе од 200 мигранти стигнаа до бреговите на Велика Британија, еден се удави во Ла Манш

Повеќе од 200 мигранти стигнаа до бреговите на Велика Британија, еден се удави во Ла Манш

Лондон, 28 октомври 2024 (МИА) - Речиси 225 мигранти во четири чамци пристигнаа во Велика Британија. Со ова, според последните податоци на британското Министерство за внатрешни работи, бројот на илегални мигранти кои досега пристигнале преку Ла Манш е околу 30.000 лица, објави ДПА.

Во текот на вчерашниот ден, едно лице загина откако брод со мигранти се преврте во Ла Манш, соопштија француските власти. Мажот, кој е Индиец и на околу 40 години, бил на брод што тргнал од градот Тарденган во северна Франција во 5:30 часот по локално време, соопшти префектурата Па де Кале. Итната помош се обидела да му укаже помош на мажот, но тој починал на местото на настанот.

Досега оваа година, француската крајбрежна стража пријавила 49 смртни случаи на мигранти од давење во Ла Манш. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан