Поведена постапка против претседателот на Црна Гора, Милатовиќ за кршење на Законот за финансирање политички субјекти и изборна кампања
- Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора (АСК) го информира претседателот Јаков Милатовиќ дека против него е поднесена пријава под сомнение дека го прекршил Законот за финансирање политички субјекти и изборна кампања
Подгорица, 3 октомври 2024 (МИА) – Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора (АСК) го информира претседателот Јаков Милатовиќ дека против него е поднесена пријава под сомнение дека го прекршил Законот за финансирање политички субјекти и изборна кампања.
АКС поведе иницијатива за поведување на постапка поради сомнението дека претседателот на Црна Гора го прекршил Законот бидејќи на 25 септември во текот на работното време бил ангажиран на промоција на својата изворна листа односно активно учествувал во предизборната кампања.
Пријава е поднесена и поради промотивниот спот за листата „За подобра Подгорица – Јаков Милатовиќ“, кој е снимен во кабинетот на претседателот на Црна Гора.
Милатовиќ има рок од пет дена да се изјасни за обвинувањата. ми/
фото: ЕПА