• сабота, 23 ноември 2024

ПМФЛ: Работнички остана лидер, Вардар на дното

ПМФЛ: Работнички остана лидер, Вардар на дното

 

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) – Фудбалерите на Работнички освоија бод на гостински терен против Силекс што им беше доволно да го зачуваат водечкото место на табелата по денешното 12 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во кое Вардар загуби дома од Брера и се спушти на последното место.

Шкендија и Воска забележаа домашни победи, триумфирајќи над Беса и Шкупи, додека актуелниот шампион Струга освои три бодови на гостински терен во дуелот со Тиквеш. Без победник заврши пресметката меѓу Пелистер и Гостивар.

ПМФЛ – 12 коло

Пелистер – Гостивар 0-0, Шкендија – Беса 2-1, Силекс – Работнички 1-1, Тиквеш – Струга 0-1, Вардар – Брера Струмица 0-1, Воска – Шкупи 3-1.

Табела: Работнички 24, Шкендија 23, Силекс 21, Гостивар 21, Струга 19, Шкупи 16, Брера 15, Пелистер 13, Беса 12, Воска 10, Тиквеш 8, Вардар 8. ег 

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан