• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пленковиќ го најави осмиот пакет помош за граѓаните и земјоделството во висина од 296 милиони евра

Пленковиќ го најави осмиот пакет помош за граѓаните и земјоделството во висина од 296 милиони евра

Загреб, 26 март 2025 (МИА) – Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека државата издвоила 296 милиони евра за осмиот пакет мерки за заштита на стандардот на граѓаните и конкурентноста на економијата.

Пакетот опфаќа низа таргетирани мерки, кои се очекува да имаат влијание врз домашните буџети на граѓаните, работењето на малите бизниси, јавните и непрофитните институции, студентите, пензионерите, ветераните и земјоделците.

Постојните мерки се продолжуваат до 30 септември, со што се обезбедуваат непроменети цени на струјата за домаќинствата, како и за микро, малите и средните претприемачи со потрошувачка до 250.000 киловатчасови, стабилни цени на гасот и топлинската енергија за граѓаните и јавните институции како градинките, училиштата и болниците.

Поддршката за пензионерите од „осмиот пакет“ е вредна 62,5 милиони евра.

Еднократна исплата од 50 евра ќе добијат сите пензионери и приматели на национални надоместоци за февруари.

Парите ќе бидат исплатени најдоцна до крајот на април.

За 105.000 социјално најранливи корисници обезбедени се месечни поволности за енергетски трошоци во износ од 70 евра, во периодот од април до септември.

За ова се обезбедени 62,2 милиони евра.

Додека за земјоделците за пролетната реколта ќе добијат 20 милиони евра, средства наменети за семиња, ѓубрива и гориво.

За студентските центри предвидени 4,5 милиони евра, со што се спречува раст на цената на студентските оброци. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан