• понеделник, 18 ноември 2024

Пласидо Доминго хоспитализиран во Мексико поради коронавирус

Пласидо Доминго хоспитализиран во Мексико поради коронавирус
Акапулко, 30 март 2020 (МИА) - Славниот шпански оперски пејач Пласидо Доминго (79), е згрижен во болница во Акапулко, Мексико, поради компликации од заразата со КОВИД-19, изјави денеска неговиот гласноговорник. - Тој е добро и реагира на терапијата, додаде тој за Си-Ен-Ен. Доминго минатата недела објави дека е заболен од новиот коронавирус, повикувајќи ги своите обожаватели на внимателност. „Заедно можеме да се избориме против вирусот и да ставиме крај на оваа криза за да можеме што поскоро да се вратиме на нашите секојдневни активности“, напиша Доминго на Фејсбук. си/

Остани поврзан