• сабота, 23 ноември 2024

Писонеро: Темпото на преговорите за членство во ЕУ зависи од исполнувањето на условите од страна на земјите кандидати

Писонеро: Темпото на преговорите за членство во ЕУ зависи од исполнувањето на условите од страна на земјите кандидати

Брисел, 3 јули 2024 (МИА) – Европската комисија е сосема јасна во ставот дека приемот на нови членки во ЕУ нема да оди по некаков утврден календар, туку ќе зависи од објективниот напредок на земјите кандидати во исполнувањето на условите за членство, изјави денеска портпаролката на ЕК за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро.   

- Напредокот на партнерски земји во усогласувањето со законодавството на ЕУ и исполнувањето на сите услови за зачленување се основата што го дефинира темпото на преговори, истакна Писонеро во одговор на новинарско прашање врз основа на што Европската комисија ја базира оценката наведена во нејзино соопштение дека „Црна Гора е следната земја што ќе се приклучи кон ЕУ“ 

Писонеро посочи дека минатата недела во рамка на Меѓувладината конференција меѓу Црна Гора и ЕУ беа затворени поглавјата 23 и 24 од преговорите за членство и беа дадени позитивни Привремени извештаи за проценка за нив.

- Јасно е дека овој напредок што го постигна Црна Гора сега ќе и помогне на земјата да продолжи напред со следените чекори во процесот, со затворање на поглавја во преговарачкиот процес. Тие веќе затворија три поглавја, додаде Писонеро. сп/

Фото: Скриншот

Остани поврзан