• сабота, 27 јули 2024

Пирло по поразот од Порто: Тешко е кога ќе примите гол во првите минути

Пирло по поразот од Порто: Тешко е кога ќе примите гол во првите минути
Порто, 18 февруари 2021 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, ги кажа своите впечатоци по првиот натпревар со Порто во осминафиналето во Лигата на шампионите против Порто. Португалскиот тим синоќа победи со 2:1. - Кога ќе примите го во првите минути, станува многу тешко, особено кога играте против тим како Порто, кој се брани со две компактни линии и малку дозволува да го загрозите. Ние им допуштивме да играат како што посакуваа. Моравме да играме со топката подобро и побрзо. Порто беше одличен во покривањето на слободните зони во центарот на теренот и требаше подобро да ги искористиме крилните позиции, но со бавно играње со топка, ова не е лесно. Се надевам дека во реваншот ќе бидеме поуспешни, изјави Пирло. Возвратниот натпревар е закажан за 9 март на теренот на Јувентус. зс/

Остани поврзан