• сабота, 23 ноември 2024

Пејачот Марк Хопус потврди дека е излечен од рак во четврта фаза

Пејачот Марк Хопус потврди дека е излечен од рак во четврта фаза

Лос Анџелес, 22 септември 2022 (МИА) - Марк Хопус, басистот и пејач на бендот „Блинк-182“, се огласи на својот интернет-простор и на своите следачи им ја потврди добрата вест дека е излекуван од ракот на крвта.

„Многу сум благодарен денес. КТ-скенот е чист и немам рак. Благодарен сум за секој ден и затоа што сум тука. Ве сакам сите!", напиша тој до фотографија од неговото последно земање крв. Марк, инаку, во септември лани им откри на обожавателите дека се излекувал од рак во четврта фаза. „Имам прегледи на секои шест месеци и би требало до крајот на годинава да се вратам во нормала, но денес е неверојатен ден и се чувствувам благословен“, додаде тој. Пејачот притоа му се заблагодари на Бога и на универзумот, на пријателите, семејството и сите што му испраќаат поддршка, љубов и добри мисли.  си/

Остани поврзан