• петок, 27 декември 2024

Пецаков: Со одлука на совет и јавен повик е направена исплата на ГРК ОХРИД

Пецаков: Со одлука на совет и јавен повик е направена исплата на ГРК ОХРИД

Скопје, 17 јануари 2024

Прво Филипчо и Инфомакс и онај ликот со анонимни полициски пријави од Охрид, а денес и Левица и СДСМ во ист глас,со ист прес за спортската гордост на ОХРИД, а то е ГРК ОХРИД . Јасна ми е коалицијата, а богами добар ви е и патот 

Јас сум го основал клубот во 2011година и сум бил капитен на клубот се до 2016 година.
Во 2013 со основачки влог од 25 000 € на општина Охрид се основа Акционерско Друштво РК ОХРИД 2013 , кое понатаму во 2017 година се преименува во ГРК ОХРИД и така е до ден денес...

Од како е Акционерско Друштво од 2013 не членувам,ниту сум бил на било која извршна или не извршна позиција во АД-то и дополнително од 2013 година па на вака, главен финансиер на ГРК ОХРИД е општина Охрид и така и ќе останит, со одлука на совет и врз основа на јавен повик на доделувања на средства на СИТЕ спортски клубови на територија на општина Охрид

Општина Охрид врз основа на доделените средства во спортот и спортските екипи со гордост кажувам е една од најпосветените општини и токму затоа имаме успешни спортски екипи од градот, а нажалост ваша и на сдсм и на левица, а богами и на Филипчо , ќе продолжам уште попосветено и за подобри и повисоки резултати и успешни спортски приказни ги повикувам исто ко вас и јас институциите да проверат за било каква злоупотреба, не за друго за конечно после то да имат одговорност за тежината на секој даден збор и исказ, ама овај пат не отстапувам од барање одговорност за одржаните пресови и реакции , досега се ви опростив и сите невистини.

Пс. Крајот ви се ближит, ама крај на глупостите ваши нема за жал. НЕМА ДА ГО УНИШТИТЕ СПОРТОТ И ПРАВИЛНИОТ РАЗВОЈ НА МЛАДИТЕ ВО ОХРИД! Вие сте завршена приказна!
ПСС. Се гледаме утре во 11 часот на прес за работи, за проекти и за она како ние знаеме да работиме и како треба да одиме напред!!

Фб статус на Кирил Пецаков

ВМРО-ДПМНЕ 

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан