• среда, 25 декември 2024

Петрушевски: Со СДС и ДУИ во 2022, 200 илјади евра помалку во материјалната евиденција на Клиниката за детски болести, ЈО да отвори случај

Петрушевски: Со СДС и ДУИ во 2022, 200 илјади евра помалку во материјалната евиденција на Клиниката за детски болести, ЈО да отвори случај

Скопје, 11 ноември 2024

 

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

 

СДС и ДУИ на здравството гледале како на поле за испумпување на пари.

Од Извештајот на ДЗР за работата на Клиниката за детски болести за 2022 година, има сомнеж за криминал од над 200 илјади евра.

Имено според Извештајот на ДЗР на 01.01.2022 година, вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката е за 13.9 милиони денари помала од вредноста искажана во сметководствената евиденција, додека на крајот на годината бил помал за 12 милиони денари.

Зошто се јавува толку голема разлика во материјалната во споредба со сметководствената евиденција?

Дали и каде завршиле над 200 илјади евра?

Ова е само од една здравствена установа за една година. Што правеле СДС и ДУИ во останатите здравствени установи во текот на целото владеење?

ЈО да не чека и врз основа на Извештајот на ДЗР да отвори постапка. Одговорност мора да има.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото и видео: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан