• недела, 24 ноември 2024

Петровска: Расадникот во Кисела Вода е нападнат од урбана експанзија

Петровска: Расадникот во Кисела Вода е нападнат од урбана експанзија
Скопје, 6 октомври 2021 (МИА) – Расадникот во Кисела Вода е нападнат од урбана експанзија неколку пати има обид да се бетонира, на него да никнат големи згради, да се спречи природното проветрување, односно да се уништи овој простор, изјави Ана Петровска кандидат за градоначалник на Скопје од „Зелен хуман град“. Петровска на прес-конференција во Кисела Вода, истакна дека општината има намера да усвои детален урбанистички план кој според неа ќе значи уништување на зеленилото. -Тука се одгледуваат автохтони видови овошки, со постоењето на овие дрва се заштитуваат пчелите,  а исто така во ова зеленило се среќааваат и околу 50 видови птици, ние стоиме, тука многу цврсто против усвојување на било каков детален урбанистички план кој што значи уништување на ова подрачје, приватната сопственост е важна, меѓутоа јавниот интерес е пред се, јавниот интерес е загарантиран и со уставот на државата и ако некој се обиде да чепне од овој расадниксите граѓани од ова подрачје ќе застанат како што веќе досега неколку пати имаат застанато, генералниот урбанистички план што се изготвува мора да поништи било каква намена за домување на тој простор, појасни Петровска. Лазе Трипков, од граѓанска Иницијатива „За Расадник на можности“, истакна дека немаат информација за бројот на предвидените згради, но дека со сигурност ќе претставуваат закана за јавното здравје. -Имаме податоци дека ако го споредите дупот од 2016 кој што е предложен до овој сега се разликува вкупната површина во експанзија не само на згради туку и во висина кои што надминуваат 14 ката односно вкупна предвидена површина е 900.000 метри квадратни што ако поделите по просекот на жители, ако на еден жител му припаѓаат 25 метри квадратни, доаѓаме до магичната бројка од 25.000 нови жители, што тоа ќе значи хаос, урбан хаос, за воздухот, за правото на светлина во условите на кои ние ќе треба да функционираме тука, безбедноста на пешаците и она што го губиме, мислам дека ќе има несогледливи последици кон здравјето. Станува збор за сериозен проект на урбаната мафија и ние такво решение нема да поддржиме, заклучи Трипков. Потенцира дека на просторот му е потребна урбанизација, но не со градење згради. -Сакаме да се урбанизира расадникот, но не со згради, постојат начини, постојат ботанички градини, урбани градини, има автохтони сорти кои што тука се одгледувале, а сега се во изумирање,  треба да се повикаат стучни лица од други земји да дојдат, да прават свои истражувања, сите се занимаваат со одржлив развој , а ние за жал се занимаваме со висина на згради, облакодери, истакна Трипков.свс/са/

Остани поврзан