Петровска: Делата на светите апостоли се духовен и културен темел на македонскиот народ
- Дозволете ми да ви го честитам 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, кои со своето дело ги поставија темелите на писменоста на словенските народи, но и го отворија патот кон духовноста и просветлувањето, преку употребата на старословенскиот јазик во богослужбата, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска, на нејзиниот фејсбук профил.
![Петровска: Делата на светите апостоли се духовен и културен темел на македонскиот народ](https://new.mia.mk/index.php/images/20230524141733_big_730x400_19.webp )
Скопје, 24 мај 2023 (МИА) - Дозволете ми да ви го честитам 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, кои со своето дело ги поставија темелите на писменоста на словенските народи, но и го отворија патот кон духовноста и просветлувањето, преку употребата на старословенскиот јазик во богослужбата, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска, на нејзиниот фејсбук профил.
- Делата на светите апостоли се духовен и културен темел на македонскиот народ, а нивната благородна мисија денес обединува голем број народи. Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј, објави на фејсбук министерката Петровска. цр/ев/
Фото: ФБ на министерката за одбрана Славјанка Петровска