• четврток, 26 декември 2024

Петровиќ по една деценија повторно на клупата на МЗТ

Петровиќ по една деценија повторно на клупата на МЗТ
Скопје, 27 февруари 2022 (МИА) - Еден од најпрепознатливите тренери поврзани со МЗТ Скопје Аеродром во првата деценија од 21. век, Александар Петровиќ, се враќа на клупата на нашиот клуб, откако од денеска и официјално е нов предводник на плаво-белата чета, соопшти попладнево тимот од „Јане Сандански“. Петровиќ доаѓа на местото на Дарко Радуловиќ, со кого беше прекината соработката по неуспехот во финалето од Купот на Македонија пред една недела. За Петровиќ ова ќе биде трето преземање на МЗТ Скопје, со оглед што претходно седеше на клупата на аеродромци во периодот помеѓу 2001 и 2007 односно 2009 и 2011 година. Има работено уште и во Пелистер, Карпош Соколи и Куманово, а во „Јане Сандански“ се враќа од местото шеф на стручниот штаб на Академија ФМП, каде што работеше изминативе две сезони. Петровиќ е и поранешен селектор на јуниорската репрезентација на Македонија и секако еден од тие кои беа со МЗТ Скопје во најтешкиот период на клубот, а без кои немаше да следува ниту деценијата со осум освоени титули. зс/

Остани поврзан