Песков: Примирјето во Иран би можело да отвори простор за нови разговори за Украина
- Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го поздрави двонеделното примирје на Блискиот Исток истакнувајќи оти Русија се надева дека САД ќе имаат време и простор да ги продолжат тристраните мировни преговори за Украина
Москва, 8 април 2026 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го поздрави двонеделното примирје на Блискиор Исток истакнувајќи оти Русија се надева дека САД ќе имаат време и простор да ги продолжат тристраните мировни преговори за Украина.
- Ја поздравуваме одлуката да не се оди по патот на вооружена ескалација... Се надеваме дека во блиска иднина (САД) ќе имаат повеќе време и повеќе можност за состанок во трилатерален формат - посочи Песков алудирајќи на разговорите помеѓу Русија, Украина и САД.
Русија претходно соопшти дека мировните преговори за Украина се на пауза поради војната на Блискиот Исток. ми/сд/
фото: ЕПА