• четврток, 09 април 2026

Во Либан денеска е ден на жалост за жртвите од израелските напади

Во Либан денеска е ден на жалост за жртвите од израелските напади

Бејрут, 9 април 2026 (МИА) - Либанскиот премиер Навах Салам го прогласи четврток за ден на национална жалост по серијата вчерашни израелски напади, во кои, според разни извори, беа убиени приближно двесте лица.

„Четврток ќе биде ден на национална жалост за мачениците и ранетите во израелските напади, чија цел беа стотици невини и беспомошни цивили“, наведе Салам во соопштението.

Израел ги почна своите најжестоки напади врз Либан од почетокот на конфликтот со Хезболах минатиот месец, при што само вчера загинаа повеќе од 250 лица, наведе иранската служба за цивилна заштита.

Вкупно 254 лица беа убиени, а над 1.100 ранети во Либан, објави службата за цивилна заштита. Најголем број жртви е регистриран во Бејрут, каде што беа убиени 91 лице.

Министерството за здравство објави дека во целата земја има 182 смртни случаи и додаде дека тоа не е конечниот број.

Според неговата канцеларија, либанскиот премиер сака да ги „мобилизира сите политички и дипломатски ресурси во Либан за да ја запре израелската машина за убивање“.сд/аб/

Фото:ЕПА

Остани поврзан