• среда, 25 декември 2024

Песков: Не добивме сигнали дека Украина е подготвена за прекин на огнот

Песков: Не добивме сигнали дека Украина е подготвена за прекин на огнот

Москва, 10 октомври 2024 (МИА) - Москва не доби сигнали за подготвеност за прекин на огнот од украинската страна, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Toj истакна дека многу медиуми објавија такви планови, но Русија не добила конкретни сигнали од Киев.

Портпаролот на Кремљ ја коментираше и изјавата на шефот на британското контраразузнавање МИ5, Кен МекКалум, дека руското воено разузнавање (ГРУ) се обидува да предизвика „хаос“ во Обединетото Кралство и во Европа, за што рече дека тое е неосновано.

„Сите овие тврдења се апсолутно неосновани“, нагласи Песков.

Тој, исто така, ги отфрли информациите дека Северна Кореја испраќа воен персонал во Украина за да се бори на руската страна. „Ова изгледа како уште една лажна вест“, рече Песков.

Претходно оваа недела, јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Јонг-хјун рече дека Пјонгјанг најверојатно ќе распореди војници во Украина за да го поддржи својот руски сојузник. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан