• сабота, 09 ноември 2024

Пентагон го поздрави договорот за статусот на архипелагот Чагос и воената база на островот Диего Гарсија

Пентагон го поздрави договорот за статусот на архипелагот Чагос и воената база на островот Диего Гарсија

Вашингтон, 5 октомври 2024 (МИА) - Пентагон синоќа го поздрави постигнатиот договор меѓу Велика Британија и Маврициус, островска држава во Индиски Океан, за статусот на архипелагот Чагос.

Министерството за одбрана на САД изрази уверување дека преговорите постигнале договор што ќе обезбеди долгорочно, безбедно и ефикасно функционирање на заедничката воена база на САД и Велика Британија на островот Диего Гарсија.

„Со децении, Диего Гарсија играше клучна улога во обезбедувањето на националната, регионалната и глобалната безбедност, како и во нашата способност да реагираме на кризи и да се справиме со сложените и предизвикувачки безбедносни закани, се вели во синоќешната изјава на министерот за одбрана на САД, Лојд Остин. „Овој договор во следните сто години ќе ги обезбеди стратешките безбедносни интереси на Обединетото Кралство, Маврициус и САД, како и на нашите партнери во Индотихоокеанскиот регион.“

Диего Гарсија е атол кој се наоѓа малку појужно од екваторот, сместен во средиштето на Индискиот Океан е најголемиот од 60-те мали острови кои го чинат архипелагот Чагос

Претходно, Велика Британија се согласи да го предаде суверенитетот над архипелагот на Маврициус, но островот со воената база ќе биде даден на Лондон под закуп за 99 години.

Според договорот постигнат во четвртокот, Велика Британија се согласи да го предаде суверенитетот над архипелагот Чагос – група од повеќе од 60 острови во Индискиот Океан, кои повеќе од 50 години беа под контрола на Лондон. Според условите на договорот, Маврициус ќе го издаде островот Диего Гарсија на Велика Британија на првичен рок од 99 години, што ќе овозможи задржување на заедничката воена база, која беше користена за операции во Ирак и Авганистан. Персоналот на базата брои околу 2.500 луѓе, претежно Американци.

Договорот исто така отвора можност за враќање на мал број лица кои беа насилно иселени од своите домови на островите пред неколку децении. Велика Британија ќе создаде „реселувачки“ фонд за раселените жители на Чагос, кој ќе овозможи тие да се вратат на архипелагот, освен на островот Диего-Гарсија. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан