• недела, 24 ноември 2024

Пендаровски на куса средба со Бајден на Самитот за климатски промени во Глазгов

Пендаровски на куса средба со Бајден на Самитот за климатски промени во Глазгов
Скопје, 2 ноември 2021 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, кој во Глазгов учествува на Самитот за климатски промени, денеска оствари средби со неколку државници, меѓу кои и со претседателот на САД Џо Бајден. - На маргините на Самитот за климатски промени #COP26 остварив уште четири кратки средби, со претседателот на САД Џо Бајден, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Индија, Нарендра Моди и израелскиот премиер Нафтали Бенет. Се вбројуваме и здружуваме со земјите кои активно преземаат обврски за борба против климатските промени. Важно е да се чујат и нашите заложби и работа во овој дел, напиша Пендаровски на својата официјална Фејсбук страница. Во обраќањето на пленарната сесија вчера, Пендаровски истакна дека наша цел е до 2030 година да ги намалиме емисиите на стакленички гасови за 51 отсто, во споредба со нивото од 1990-та година. - Се стремиме да ја трансформираме Северна Македонија во економија со ниска емисија на јаглерод, зајакнувајќи ја конкурентноста и промовирајќи социјална кохезија, посочи вчера Пендаровски. нд/дма/

Остани поврзан