• сабота, 27 јули 2024

Пендаровски им го честита првиот училишен ден на првачињата

Пендаровски им го честита првиот училишен ден на првачињата
Скопје, 1 септември 2021 (МИА) - Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска на својот фејсбук-профил им го честита првиот училишен ден на првачињата. Успешен почеток на годината Пендаровски им посакува и на останатите ученици. -Драги првачиња, среќно! Успешен почеток на новата школска година им посакувам и на сите други ученици. И годинава, за жал, ќе учите во невообичаени околности. Ќе ви биде ограничено дружењето, заради почитување на мерките за заштита од КОВИД. Но, верувам дека оваа учебна година ќе ви донесе и убави нешта, како и нови пријателства, напиша Пендаровски. мч/ац/

Остани поврзан