• сабота, 28 декември 2024

Пекарите на прес-конференција ќе го соопштат ставот по одлуката дека се обврзани да произведуваат и испорачуваат леб

Пекарите на прес-конференција ќе го соопштат ставот по одлуката дека се обврзани да произведуваат и испорачуваат леб

Скопје, 3 март 2023 (МИА) - Во текот на денов се очекува да биде соопштен ставот на пекарите по синоќешната Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб се обвзуваат да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството во декември 2022 година.

Одлуката ја сподели министерот за економија Крешник Бектеши на својот официјален фејсбук профил, а, меѓу другото, предвидува и обврска за трговците на мало кои продаваат леб во структурата на дневната набавка на сите видови леб да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена.

-Денеска во Стопанската комора ќе има прес-конференција на која ќе го соопштиме ставот, велат за МИА утрово претставници од пекарската индустрија.

Вчера пекарите рекоа дека останува во сила нивната одлука од понеделникот, да не испорачуваат бел и полубел леб во продавниците.

Владата во вторникот ја донесе Одлуката да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб до 450 грама на 33 денари. Причината за оваа мерка, како што објаснија премиерот Димитар Ковачевски и министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, е неисполнувањето на договореното од страна на компаниите по испораката на субвенционираната струја, како и заштита на „џебот“ на граѓаните. мч/са/

 

 

Остани поврзан