• сабота, 16 ноември 2024

Патрушев: Русија го засилува присуството во Касписко Море за да го ограничи присуство на НАТО

Патрушев: Русија го засилува присуството во Касписко Море за да го ограничи присуство на НАТО

Москва, 14 ноември 2024 (МИА) – Помошникот на рускиот претседател и претседателот на Поморски колегиум, Николај Патрушев изјави дека военото присуство на Русија во Касписко Море овозможува да се ограничат обидите на некои крајбрежни држави да ги отворат своите води за воените поморски сили на трети земји, пред сè на САД и членките на НАТО.

- Каспиското Море е уникатно водно тело, кое не само што има ресурси на нафта и гас, добар транзитен потенцијал, туку и поволна воено-стратешка позиција што овозможува да се обезбеди безбедност во Централна Азија, Кавказ и Блискиот Исток. Проширувањето на соработката помеѓу Русија, земјите од Јужен Кавказ, Централна Азија и намерата на касписките држави да ги решат регионалните проблеми предизвикуваат незадоволство на колективниот Запад, наведе Патрушев.

Како што јавија руските медиуми, тој истакна дека САД и Европска Унија се обидуваат да ги заострат односите помеѓу тие држави, да ги намалат нивните политички и трговски врски.

Во такви услови, прашањето за развој на каспискиот регион треба да се решава сеопфатно, потенцира Патрушев. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан