• сабота, 23 ноември 2024

Патријархот Порфириј го пречека поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан

Патријархот Порфириј го пречека поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан
Скопје, 19 мај 2022 (МИА) - Српскиот патријарх Порфириј во Белград го пречека архиепископот охридски и македонски и поглавар на Македонската православна црква - Охридска архепископија, г.г. Стефан. Видеоснимката од пречекот во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград е објавена на Фејсбук и на инстаграм-профилот на патријархот Порфириј. Архиепископот г.г. Стефан пристигна во Белград во придружба на архијереи на МПЦ-ОА.
- Како што бијат камбаните на црквата „Свети Сава“, така и нашите срца чукаат од радост поради овој благословен ден. Добре дојдовте, драги браќа! Добре дојдовте, браќа архиепископ Стефан и владици. Добре дојдовте во заедницата на љубовта, вие и целиот ваш богољубив народ. Ние сме браќа и само браќа!, напиша патријархот Порфириј. Како што соопшти Српската православна црква, денеска во храмот „Свети Сава“ во Белград ќе се одржи архијерејска литургија на помирување, на која ќе служат патријархот Порфириј и архиепископот Стефан. На литургијата ќе сослужуваат архијереи на двете цркви. мд/

Остани поврзан