• четврток, 26 декември 2024

Паспаљ итно опериран поради проблеми со срцето

Паспаљ итно опериран поради проблеми со срцето

Белград, 13 февруари 2024 (МИА) - Легендарниот српски кошаркар Жарко Паспаљ во текот на вчерашниот ден итно бил примен во болница и му бил извршен хируршки зафат.

Српските медиуми објавија дека поранешниот ас на Партизан требало да биде гостин на годишното доделување на „Gazzetta Awards“, но во саботата бил примен на една белградска клиника поради аритмија. Операцијата била извршена во текот на денот, а познатиот кошаркар е на интензивна нега и надвор од животна опасност.

Според српски Телеграф, кошаркарот бил подложен на операција поради проблеми со срцето. 

Паспаљ исто така доживеа два сериозни срцеви удари во 2001 година. Во ноември 2017 година, тој имаше мозочен удар.

Да потсетиме, Паспаљ беше светски првак со репрезентацијата на Југославија во 1990 година. Тој три пати беше европски првак во 1989, 1991 и 1995 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан