Парламентот на Ерменија го ратификува регулативот за границите со Азербејџан
- Парламентот на Ерменија денеска го ратификуваше регулативот за заедничко делување на комисиите на Ерменија и Азербејџан за утврдување на граничната безбедност.
Ереван, 23 октомври 2024 (МИА) - Парламентот на Ерменија денеска го ратификуваше регулативот за заедничко делување на комисиите на Ерменија и Азербејџан за утврдување на граничната безбедност.
Регулативот, кој беше потпишан кон крајот на август, беше ратификуван на пленарна седница со поддршка од 67 гласа.
Во гласањето учествуваше само парламентарната група на владејачката партија „Граѓански договор“. Двете опозициски групи, „Ерменија“ и „Имам чест“, ги бојкотираа дебатата и гласањето. ссм/
фото: архива