• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Дуда: Американските сили се прераспоредуваат, не ја напуштаат Полска

Дуда: Американските сили се прераспоредуваат, не ја напуштаат Полска

Варшава, 3 април 2025 (МИА) – Американските војници и воена опрема се прераспоредуваат од јужниот логистички центар во Полска на други локации во земјата, но не ја напуштаат, изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда за време на посетата на Талин.

„САД не ги повлекуваат своите сили, туку ги преместуваат во рамки на стратегија за оптимизирање на операциите и подобрување на поддршката за сојузниците, соопшти Американската команда за копнени сили во Европа и Африка (USAREUR-AF).

Полското Министерство за одбрана потврди дека американските војници остануваат во Полска и дека преместувањето е дел од планот на НАТО за новата мисија „Помош за безбедноста и обука на Украина“ (NSATU), која ги координира испораките на воена помош и обука на украинските сили.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет уште во јануари изјави дека бројот на американски војници во Полска ќе остане околу 10.000.

„Американските војници остануваат во Полска!“, порача денеска полскиот министер за одбрана Владислав Кошинјак-Камиш на платформата Икс, додавајќи дека обврските на логистичкото јадро во Јашонка ќе ги преземат Норвешка, Германија, Велика Британија и Полска.

Војниците беа распоредени во Јашонка веднаш по почетокот на руската инвазија во 2022 година. Аеродромот се користи како клучен логистички центар за западната воена помош, под заштита на американскиот ракетен систем „Патриот“.

Претходно денеска, телевизијата Ен-Би-Си Њуз објави дека Пентагон разгледува можност за намалување на американското воено присуство во Источна Европа, вклучително и Полска и Романија, до 10.000 војници. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан