• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Парламентарниот комитет го изгласа предлог-законот за пристапување на Ерменија во ЕУ

Парламентарниот комитет го изгласа предлог-законот за пристапување на Ерменија во ЕУ

Ереван, 24 март 2025 (МИА) – Постојаниот комитет во ерменскиот Парламент на второ читање го одобри предлог-законот „За почеток на процесот на пристапување на Република Ерменија во Европска Унија“.

За предлог-законот ќе се дебатира на претстојната пленарна седница на Националното собрание.

На 9 јануари предлог-законот беше разгледан и одобрен на владина седница, по што беше доставен на разгледување во Парламентот. На 11 февруари Националното собрание почна расправа. Проектот го презентираше граѓанската иницијатива „Евровот“, која во наведениот рок ги собра потребните потписи за поднесување законска иницијатива до Собранието.

Ерменија во 2024 година соопшти дека излегува од Организацијата Договор за колективна безбедност, која е пандан на НАТО и е предводена од Кремљ. Ереван тогаш ја обвини Организацијата дека не интервенирала кога Ерменија беше нападната од соседен Азербејџан. Но, Ерменија и понатаму е зависна од руската енергија и трговија, а исто така има и руска воена база на своја територија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан