Папуашвили го потпиша законот за семејни вредности
- Претседателот на Парламентот на Грузија Шалва Папуашвили денеска изјави дека го потпишал законот за семејни вредности, со кој се ограничуваат правата на ЛГБТ заедницата
Тбилиси, 3 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Парламентот на Грузија Шалва Папуашвили денеска изјави дека го потпишал законот за семејни вредности, со кој се ограничуваат правата на ЛГБТ заедницата.
Пратениците од владејачката партија Грузиски сон минатиот месец го одобрија Законот со кој се забранува промена на полот, како и веењето на знамето на виножитото.
Според Грузиски сон, законот е неопходен и за заштита на Грузиската православна црква од надворешно влијание.
Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили одби да го потпише Законот. Грузискиот сон и сојузници имаат доволно пратеници во Парламентот имаа доволно пратеници за да го надминат противењето.
ЛГБТ активистите во Грузија велат дека законот е обид на Грузиски сон да ја зголеми поддршка помеѓу конзервативните гласачи пред парламентарните избори, што се закажани на 26 октомври. ми/
фото: МИА архива