• четврток, 05 март 2026

Папата Лав Четиринаесетти го повтори својот апел за мир по нападите врз Иран

Папата Лав Четиринаесетти го повтори својот апел за мир по нападите врз Иран

Рим, 4 март 2026 (МИА) - Папата Лав Четиринаесетти апелира за мир на општата аудиенција што се одржа денеска на плоштадот Свети Петар во Ватикан по нападите на САД и Израел врз Иран и иранската одмазда, што отвори нов конфликт на Блискиот Исток.

„Да го продолжиме нашето патување за време на велигденскиот пост во духот на покајание и преобраќање барајќи божја милост и мир за себе и за целиот свет“, рече папата пренесува италијанската новинска аегнција АНСА.

САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари откога на преговорите за иранската нуклеарна програма не е постигнат договор, што го натера Иран да возврати со воздушни напади врз Израел и соседните земји велејќи дека тие станале цели поради американското присуство и воените бази. рп/сд/

Фото: ЕПА

Остани поврзан