• среда, 25 декември 2024

Папата Франциск ќе ја отвори јубилејната година на Католичката црква

Папата Франциск ќе ја отвори јубилејната година на Католичката црква

Ватикан, 24 декември 2024 (МИА) – Папата Франциск вечерва во базиликата Свети Петар ќе ја отвори Светата година на Католичката црква/ поглаварот на Римокатоличката црква ќе ја отвори Светата врата, која вообичаено е затворена и ќе помине низ неа.

Католичката црква ја одбележува Света година на секои 25 години. Според католичките верувања, верниците потоа можат да добијат прошка за своите гревови преку молитва и покајание. Тоа вклучува и аџилак во Рим и поминување низ Светите двери во вечниот град.

Во текот на годишнината, се очекуваат над 30 милиони аџии и посетители на Рим, а некои процени сугерираат дека бројот ќе достигне 45 милиони.

Папата Франциск потоа ќе ја одржи традиционалната божиќна миса, со што ќе ги почне божиќната прослава во Ватикан.

Во Витлеем, каде е роден Исус Христос, прославите годинава се очекува да бидат поскромни поради војната во Појасот Газа. Поворката од Ерусалим до Витлеем и полноќната миса во Витлеем ќе се одвива вообичаено. Сепак, годинава нема празнични украси во малото гратче на Западниот Брег, ниту украсена елка пред црквата Рождество Христово. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан